Дома Трансфер зона Џеко и Рома се разделуваат: „Волчицата“ бара замена

Џеко и Рома се разделуваат: „Волчицата“ бара замена

Един Џеко најверојатно ја игра последната сезона во дресот на Рома, пренесуваат италијанските медиуми.

Договорот на 33-годишниот голгетер истекува во 2020 година, но преговорите за продолжување на соработката не вродија со плод. Проблемите помеѓу Џеко и Рома започнаа кога Босанецот побара договор подолг од една година, па „волчицата“ одлучи да му го продолжуав договорот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тоа значи дека Џеко и Рома ќе се разделат по завршување на сезоната, а римскиот клуб се надева дека со неговата продажба ќе заработи околу 10 милиони евра.

Џеко ќе бара нов предизвик во својата кариера. За неговиот потпис интерес веќе покажаа Интер и Вест Хем, но и неколку клубови од Кина кои се спремни да му понудат богатство.

Италијанските медиуми тврдат дека Рома веќе ја започнала потрагата по негова замена. Шик сигурно ќе добие далеку поголема минутажа, но тој се уште сам да го носи нападот на „волчицата“.

Од останатите играчи кои би можеле да стигнат како замена, се споменува Белоти кој сепак е прескап, потоа Фалкао кој би требало да прифати помала плата.

Најголема желба на Рома е ѕвездата на Лил, Николас Пепе ој оваа сезона постигна 16 погодоци во шампионатот на Франција, но за него конкуренцијата е огромна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …