Минатото лето многу се пишуваше за потенцијалниот трансфер на Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Сите најсилни клубови во Европа се поврзуваа со Савиќ, но сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито бараше 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона Савиќ имаше проблеми со повредата и осцилации во формата. Во финишот од оваа сезона подигна формата, а на крајот дури беше избран и за најдобар играч за врска во средина.
Сега како што се наближува летниот преоден рок Савиќ одново доаѓа во центарот на вниманието. Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио денес објави вест дека Савиќ е блиску до Јувентус. Попрецизно – според неговите информации српскиот играч се договорил до директорот на Јувентус Фабио Партичи за личните услови.
Секако, тоа не значи дека трансферот е завршена работа. Јувентус дури сега треба да изврши пресинг на Лацио да го пушти Сергеј во Торино. Ди Марцио најавува дека преговорите помеѓу двете страни нема да бидат лесни.
Изгеда дека Јувентус има повеќе адути во ракавот. Пред се Лотито после повредите и променливата игра тешко може да очекува оштета од 100 милиони евра.
Милинковиќ-Савиќ пред седум месеци го продолжи договорот со Лацио со 2023 година. Римскиот клуб на тој начин доби подобра позиција во преговорите со заинтересираните клубови. Меѓутоа јасно е дека Савиќ го достигна зенитот во дресот на римскиот клуб. Потребен му е нов предизвик и амбиции за трофеи на секое поле. Тоа е нешто кое Лацио не може да го понуди, а Јувентус може.