Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски денес одговараше на прашања на фановите, поставени беа навистина голем број.
Алиоски е еден од милениците на навивачите на Лидс кој играше одлично пред прекинот на сезоната, а денес некои од прашањата беа навистина интересни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ви ги пренесуваме оние кои ние ги издвојуваме.
Колку јазици зборува?
„Пет-шест. Германски, италијански, англиски, албански, македонски, француски и малку шпански“.
Најдобриот играч со кого играл?
„Има неколку и не можам да изберам еден. Во Лидс веројатно сите ќе кажат дека тоа е Пабло. Има големо искуство и е играч од кој можете многу да научите. Потоа ги имам Горан Пандев, Енис Барди и Елиф Елмас во репрезентацијата. Некои имињата знаете, некои ќе ги заборавите, но Пандев е играч кој ја освоил ЛШ и освоил се што може во Италија, него не можете да го заборавите“.
Алиоски немаше дилеми кој е најдобриот играч против кој играл и даде краток одговор.
„Серхио Рамос“.
За најомилениот момент во кариерата.
„Сите имаат добри моменти, меѓутоа најдобриот (пласман во Премиер лигата) допрва треба да дојде“.
Неговиот клуб од детството и омилениот играч?
„Реал Мадрид, секогаш беше така. Тоа е беше тимот на мојот идол, Роберто Карлос. Многу ми се допаѓаше како игра и затоа тие беа мојот омилен тим“.
Во продолжение погледнете го целото видео од 15 минути во кое Алисоки открива уште нешто за себеси.