Договор помеѓу Лидс и Алиоски за продолжување на соработката дефинитивно нема, па така за македонскиот репрезентативец остануваат уште три настапи за премиерлигашот во трите последни кола.
Според најавите досега во медиумите Галатасарај е тимот кој најмногу се поврзува со името на Алиоски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во кратка изјава за медиумите Алиоски истакна дека секогаш ќе му биде благодарен на Лидс затоа што како што тој вели овој клуб го променил неговиот живот.
„Лидс го промени мојот живот како фудбалер, но исто така и како личност, ова секогаш го зборувам“, изјави Алисоки.
За Лидс Алиоски игра од 2017 година кога во Англија пристигна од редовите на Лугано, претходно го носеше дресот на Шафхаузен.