Играчот за врска на Арсенал, Гранит Џака беше незадоволен од играта на неговиот тим против Њукасл. Арсенал го изгуби овој натпревар и најверојатно ќе остане без Лигата на шампионите, затоа што во последното коло не се очекува Тотенхем да киксира против последнопласираниот Норвич.
Гранит Џака беше еден од вајцата играчи на Арсенал кои настапија во овој натпревар, а имаа повеќе од 24 години. Како најискусен Џака ги критикуваше помладите соиграчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако некој не е спремен за ваков натпревар нека остане дома. Не е важно колку години имаш 30, 35, 10, 18.. Ако не си спремен седи на клупа, не излегувај на терен! Ни требаат играчи со му*а затоа што знаевме дека овој е еден од најважнитен атпревари. Неприфатливо е вака да се игра. Многу тажно, разочарувачки, жал ми е за навивачите кои дојдоа тука“.
„Не го слушавме тренерот, работевме на своја рака и тогаш се случува ова. Со ваква игра не заслужуваш да бидеш во Лигатан а шампионите, тешко е да се прифати. Не знам зошто не го правевме тоа што тренерот го бараше од нас“, изјави разочараниот Џака.
На овие зборови на Џака реагираа Џејми Карагер и Гери Невил. Двајцата се согласија дека треба да се биде искрен во медиумските настапи, но потенцираа дека Гранит исто така е дел од лошата игра на Арсенал.