Проблематичниот Гранит Џака според најавите ќе си замине од Арсенал на крајот од сезоната затоа што е пред трансфер во германската Бундеслига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Седум години Џака го носи дресот на Арсенал каде што дојде за 45 милиони евра од Борусија Менхгладбах, а сега според најавите на Фабрицио Романо повторно ќе игра во Германија.
„Џака може да си замине од Арсенал на крајот од сезоната. Немаше преговори за нов договор и планирана е разделба во јуни. Баер Леверкузен е фаворит и е во поодминати преговори со Џака, се споменува оштета од околу 15 милион иевра, фудбалерот веќе ги договори личните услови“, објавив Романо.
Сезонава, Џака беше стандарден во редовите на Арсенал и на 45 натпревари собра 3.564 минути.