Дома Фудбал Останато Ќе се тресе Аргентина: Закажано ново „Супер класико“ во Копа Либертадорес!

Ќе се тресе Аргентина: Закажано ново „Супер класико“ во Копа Либертадорес!

Одново ќе се тресе Аргентина – Ривер и Бока ќе играат во полуфиналето на овогодинешното издание на Копа Либертадорес.

Ривер вчера во реваншот од четвртфиналето против Серо Портењо дојде до 1:1 што беше доволно да се пласираат во следната фаза после триумфот од 2:0 на „Монументал“, па така закажа уште еден спектакл.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стрелец на голот за Ривер беше Уругваецот Николас Де Ла Круз во 52-та минута со одличен удар од работ на казнетиот простор.

Ривер така изедначи на 1:1 откако претходно Нелсон Валдез го доведе својот тим во водство.

Претходно Бока избори полуфинале во двомечот со ЛДУ Кито (3:0, 0:0) и така добивме прилика за нов спектакл.

Ќе потсетиме минатата сезона на „Бобоњера“ беше 2:2, додека реваншот после неколку одложувања мораше да се игра надвор од Аргентина поради хаосот кој настана. На крајот за дестинација се избра Мадрид и тогаш Ривер победи со 3:1.

Првите натпревари од полуфиналето на програмата се 1-ви и 2-ри, а реваншите на 22-ри и 23-ти октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…