Бразилскиот офанзивец Вилијан во овој момент се наоѓа во Лондон каде што тренира со Фулам после прекинот на соработката со Коринтијас.,
Поранешниот фудбалер на Шахтјор, Челзи и Арсенал својот последен предизвик го имаше во татковината во тимот на Коринтијас од каде што си замина поради заканите од навивачите. Во Коринтијас се задржа само една сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во островските медиуми се најавува дека Фулам ќе го ангажира и засега тој тренира со овој тим, но тоа не значи и дека ќе потпише договор. Во Фулам прво сакаат да бидат сигурни дека Вилијан може се уште да игра на потребното ниво во Премиер лигата.
Вилијан секако не би имал ништо против после Челзи и Арсенал да заигра и за трет клуб од Лондон.