Македонската кошаркарска федерација денес закажа изборна седница на која помеѓу другото ќе се гласа и за претседател на федерацијата.
Засега на две недели пред изборите нема најави за противкандидат на актуелниот претседател Перо Антиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Седницата ќе се одржи на 29 март (среда), 2023 година, со почеток во 12. часот, во хотел „Александар Палас“ во Скопје
Врз основа на член 20 од Статутот на Кошаркарска федерација на Северна Македонија, Претседателот на федерацијата свикува седница на Собранието со следниот:
ДНЕВЕН РЕД
– Избор на Верификациска комисија на Собранието;
– Избор на Кандидациска комисија на Собранието;
– Избор на Работно претседателство на Собранието;
– Избор на Записничар на Собранието;
– Избор на Оверувачи на записникот на Собранието;
Прв дел:
1. Усвојување на записникот од Собранието одржано на 05.09.2022 година;
2. Извештај за работата на КФСМ за 2022 година;
3. Финансиски извештај за 2022 година на КФСМ;
4. Разно.
Втор дел:
1. Констатирање на престанок на функција Претседател;
2. Избор на Претседател на КФСМ;
3. Избор на членови на Управен одбор на КФСМ;
4. Избор на Надзорен одбор на КФСМ;
Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 29.март.2023 (среда) со почеток во 12.00 часот, во Хотел „Александар Палас“ во Скопје.