Moжеме уште во овој преоден рок да добиеме нов најскап голман на сите времиња?
Евертон пред една година го направи Џордан Пикфорд најскап англиски голман на сите времиња и воопшто еден од најскапите во светот на фудбалот, а веќе овој преоден рок би можел да го изгуби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако, „карамелите“ тогаш беа под притисок и добиваа голем број критики бидејќи за голманот на младата репрезентација платиле дури 30 милиони фунти, една година подоцна тоа се смета за еден од најобрите потези на клубот во последните неколку години.
Пикфорд беше една од ретките светли точки, стана стандарден голман на Англија, воодушеви на Мундијалот…И стана мета на Челзи! Тоа е она што го мачи Евертон бидејќи Роман Абрамович во него гледа идеална замена за Тибо Курота.
Од поодамна е јасно дека Тибо Куртоа е во преговори со Реал Мадрид. Последна вест е дека Челзи под притисок на самиот голман прифатил понуда од 35 милиони евра. Секако, Куртоа вреди повеќе, но поради ситуацијата со договорот, цената е пониска од реалната. За овој трансфер и да биде официјализиран, наводно се чека само Челзи да доведе замена. Прва мета како што кажавме е Пикфорд.
Токму поради тоа Евертон закажа преговори со Пикфорд веќе за следната недела. Со враќањето од одмор на Пикфорд, веднаш ќе започнат преговорите околу покачувањето на платата.
Овој голман до неодамна беше четврти на листата најплатени играчи на Евертон со неделна заработка од 90.000 фунти (повеќе од пет милиони евра годишно).
Но, со заминувањето на Руни (150.000 фунти неделно), Деви Класен (100.000 фунти неделно) и многу веројатно Сандро Рамирез (120.000 фунти неделно), Евертон се ослободува од тројцата најплатени и се отвара голем простор во буџетот за Пикфорд.