Рафа Бенитез и неговиот Њукасл наредната сезона ќе играат во Премиер лигата, а сопствениците на клубот веќе одредија голем трансфер буџет за реконструкција на тимот.
Како што пренесуваат англиските медиуми Њукас сака да донесе неколку звучни засилувања, а веќе се познати имињата на двете најголеми ѕвезди. Имено на радарот на англискиот гигант се наоѓаат двајца фудбалери на Манчестер Сити – Мангала и Фернандо.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Нивните трансфери во Њукасл се сосема реална опција со оглед на фактот дека за нив нема повеќе место на „Етихад“, а единствен проблем би можела да претставува нивната плата.
Доколку пристигнат овие двајца фудбалери сигурно ќе бидат огромно засилување за Њукас, но и мамка за пристигнување на следни големи имиња.
Англиските медиуми тврдат дека Њукасл ќе биде еден од најактивните клубови во летниот преоден рок.