На 1. јули истече договорот на Ендри Керол со Њукасл и сега е без клуб.
Керол во 2011 година од Ливерпул премина во Њукасл за 41 милион евра и во тој момент беше најскап англиски фудбалер, но кариерата тогаш му тргна во надолна линија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Њукасл сега нема намера да го продолжи договорот со него, а напаѓачот добил понудата од третолигаш.
Интерес за Керол покажал славниот Болтон кој некогаш беше Премиерлигаш, а денес се натпреварува во Лига 1, трето по ранг натпреварувањње во Англија.
Керол во Премиер лигата одигра вкупно 248 натпревари, постигна 54 гола и запиша 30 асистенции. За репрезентацијата на Англија собра девет настапи и постигна два гола.