Дома Фудбал Италија Јувентус во проблем: Влаховиќ не игра во дербито со Милан!

Јувентус во проблем: Влаховиќ не игра во дербито со Милан!

Душан Влаховиќ поради повреда сигурно нема да игра против Милан во 13. коло од италијанската Серија А, објави тренерот на Јувентус, Тиаго Мота.

Српскиот стрелец се повреди на натпреварот од Лигата на нации против Данска и нема да го предводи нападот на „старите дами“ в сабота од 18 часот на Сан Сиро.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тијаго Мота ја коментираше и изјавата на Влаховиќ дека како единствен шпиц во Јувентус премногу троши во одбраната и затоа му е полесно да игра за Србија.

„Верувам во сите мои играчи и знам дека ќе дадат се од себе и офанзивно и дефанзивно“, изјави Мота на прес-конференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Енцо Фернандез го „запали“ Лондон поради Реал Мадрид

Енцо Фернандес ја „запали“ јавноста откако отворено изјави дека би сакал да живее во Шпани…