Јувентус на Манчестер Јунајтед му понудил спектакуларна трапа, односно Душан Влаховиќ во замена за Џошуа Зиркзе, пренесуваат медиумите на Островот.
Зиркзе минатото лето потпиша за Манчестер Јунајтед, но се покажа како промашување, па е спремен да ја промени средината.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Јувентус покажува силен интерес за Холанѓанецот, но во моментов нема финансии да го реализира трансферот.
Од друга страна Влаховиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот и сака трансфер во Премиер лигата.
Јувентус го понудил како дел од трансферот на Зиркзе, но бара доплата од 30 милиони евра.