Дома Фудбал Јувентус го плати 52 милиони евра, а тој не покажа речиси ништо – не блеска ниту неговата девојка

Јувентус го плати 52 милиони евра, а тој не покажа речиси ништо – не блеска ниту неговата девојка

Фудбалерот на Јувентус Даглас Луис е најголемото разочарување во летниот трансфер период кој го направи италијанскиот гигант.

Бразилскиот играч за врска пристигна од Астон Вила како еден од најдобрите фудбалери на таа екипа и беше платен високи 52.000.000 евра, но досега не го оправда тоа. Дури, одигра само девет натпревари, двапати беше стартер и двапати изнуди пенал.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Имаше и неколку повреди и навистина неговиот живот во Торино не изгледа добро од фудбалска перспектива.

Се појавуваа информации дека би можел да се врати во Англија уште во зимскиот период, но како што пишува Фабрицио Романо, тоа нема да се случи. Тој ќе остане во Јувентус со цел да се избори за своето место во тимот. Ни самиот клуб не планира да го продаде, па би требало да се очекува дека ќе добие минути во иднина при Тијаго Мота.

Како што е познато, неговата девојка Алиша Леман, од Астон Вила заедно со него премина во Јувентус каде игра за женскиот тим. Нејзината статистика е нешто подобра, иако ни таа не игра многу. Само 451 минута и два постигнати гола. Само еднаш одигра целосни 90 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ бара нов договор, Перез му постави услов

Лука Модриќ изрази желба да остане уште една година во Реал Мадрид и својата кариера да ја…