Дома Трансфер зона Јувентус договори засилување од Њукасл

Јувентус договори засилување од Њукасл

Јувентус ќе потпише со дефанзивецот на Њукасл, Лојд Кели. Двата клуба постигнаа договор и играчот ќе пристигне во Торино на позајмица до крајот на сезоната со задолжителна опција за откуп, пренесува експертот за трансфери Фабрицио Романо.

26-годишниот централен дефанзивец беше баран од Јуве на почетокот на јануари, но клубот подоцна го пренасочи фокусот на други цели. Сега, сепак, како што се ближи крајот на преодниот рок, торинскиот тим одлучи да го купи Англичанецот.


Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓


Се веруваше дека првичен проблем со договорот е фактот што Њукасл не се согласи тој да биде на позајмица, туку инсистираше на целосна продажба. Сепак, се чини дека „страчките“ го сменија ставот и на крајот ја прифатија понудата на италијанскиот гигант.

Целиот трансфер ќе го чини Јувентус 18 милиони евра, а Кели треба денес да пристигне во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Младата ѕвезда на Баерн го избра Манчестер Јунајтед

Баерн Минхен и Тотенхем постигнаа договор за трансфер на младиот напаѓач Матис Тел, н…