Дома Останати Кошарка Јокиќ прекина прес-конференција додека новинар поставуваше прашање

Јокиќ прекина прес-конференција додека новинар поставуваше прашање

Денвер ја запиша седмата последователна победа во НБА лигата. Уште една феноменална партија приреди Никола Јокиќ кој даде 40 поени и уште еднаш покажа зошто му нема рамен на планетата. Играчите на Портланд можеа само да ја гледаат неговата мајсторија.

По одличниот натпревар, Никола дојде на конференцијата за медиуми каде што одговараше на прашањата на новинарите. „Имавме 44 асистенции, мора да погодувате шутеви за да ги остварите тие асистенции. Го напаѓавме рекетот, не шутиравме добро за тројка, тоа е шут што се реализира во големи проценти. Сега погодувавме, Браун беше одличен во транзиција, кога играме брзо тоа е добро за нас“, започна Јокиќ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Потоа, новинар постави прашање на Јокиќ во врска со техничката грешка која што ја доби Џамал Мареј кога протестираше поради еден фаул кој не беше досуден на Јокиќ. Го слушаше српскиот центар тоа прашање, но не реагираше. На кратко ја прекина конференцијата. „Каде е моето ланче?“, изговори Јокиќ додека се обидуваше да го најде своето ланче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Погледнете го забивањето по кое Лејкерс му го променија презимето на Лука Дончиќ (Видео)

Лука Дончиќ одигра уште една извонредна партија, а неговите Лос Анџелес Лејкерс ја совлада…