Дома Останати Кошарка Јокиќ повторно блескаше на теренот, но залудно – Денвер доби сериозна шлаканица (Видео)

Јокиќ повторно блескаше на теренот, но залудно – Денвер доби сериозна шлаканица (Видео)

Болен пораз беше доживеан од Денвер минатата ноќ пред своите навивачи. Ниту одличната игра на Никола Јокиќ не му помогна на Денвер да избегне убедлив пораз од Минесота, која триумфираше во „Бол Арена“ со резултат од 115:95.

Тоа беше трет пораз на екипата на Мајк Мелоун од Тимбервулвс оваа сезона.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Никола го заврши натпреварот со 34 поени (13/23 шут од игра), осум скока, четири асистенции и три украдени топки.

Јокиќ ќе имаше многу повеќе асистенции, ако неговите соиграчи погодуваа нешто на овој меч.

Блескаше Никола Јокиќ од самиот почеток, но залудно – остатокот од тимот целосно подведе. Најплатените играчи после Јокиќ, Џамал Мареј и Мајкл Портер Јуниор заедно имаа во првото полувреме 1/13 од игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тепачка во НБА: Пламли експлодираше од бес и со боречкиот зафат го собори ривалот (Видео)

Натпреварот помеѓу Хјустон и Финикс го одбележа жестокиот физички судир помеѓу Мејсон Плам…