![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/jokic-1-819x491.jpg)
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи со одличните настапи оваа сезона во дресот на Денвер Нагетс, откако со брилијантната игра во рутинската победа против Орландо Меџик постигна уште еден трипл-дабл, трет во последниве четири натпревари на НБА лигата.
Со оглед на тоа што ноќеска по 24. пат оваа сезона ги пополни трите најзначајни статистички колони со двоцифрени бројки, јасно е дека за Јокиќ дуелот против Орландо беше “обичен ден во канцеларија”.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Сепак, родениот Сомборец покажа зошто е омилен во Денвер, бидејќи фокусот го пренесе од себе на своите соиграчи. Особено на Мајкл Портер Џуниор, кој со 30 поени беше најефикасниот поединец во редовите на франшизата од Колорадо.
„Мислам дека беше важно само да се најде начин до победата, и успеавме во тоа”, кратко изјави за натпреварот, а потоа кажа неколку зборови за Мајкл Портер Џуниор:
„Има способност да забележи што прават другите, знае да трча кон кошот, играше добро тимски за нас”, истакна Јокиќ, кој имаше посебни пофалби за помладите соиграчи.
„Сакам да играм со сите, сите можат да придонесат, да донесат добра енергија и нов стил, како и кошаркарски способности”, заклучи Јокиќ.