Дома Останати Кошарка Јокиќ: Мислам дека играм најдобра кошарка во животот

Јокиќ: Мислам дека играм најдобра кошарка во животот

Никола Јокиќ и Шеј Гилџис-Алесандар веќе цела сезона водат битка за МВП наградата, а во последните 48 часа имаа два меѓусебни дуели.

На првиот дуел во Оклахома Сити, Канаѓанецот блесна со 40 поени во победата на Тандер, додека во реваншот 24 часа подоцна, Српскиот играч беше надмоќен со 35+18+8 во победата на Денвер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ова ми е трета или четврта година по ред, така што… јас навистина, не знам, не можам да го контролирам тоа. Јас ќе кажам дека мислам дека играм најдобрата кошарка во животот, ако тоа е доволно, тогаш е доволно. Ако не, тогаш тој го заслужува тоа. Тој е навистина неверојатен“, изјавиЈокиќ.

Денвер во оваа средба покажа дека може да се натпреварува со значително помлад тим со поширока ротација и тоа во натпревари во два последователни денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојниот Нено со 22 поени го реши европскиот шампион (Видео)

Кошаркарите на Баерн Минхен славеа против Фенербахче со 85-76 во Евролигата, предводени од…