Дома Останати Кошарка Јанис ќе биде „бомба“ на летото во НБА-лигата?

Јанис ќе биде „бомба“ на летото во НБА-лигата?

Јанис Адетокумпо би можел да биде „бомба“ на летово во НБА лигата. Тоа што е дефинитивно е дека тој ќе ја заврши оваа сезона во Милвоки, но останува неизвесно каде ќе ја продолжи својата кариера. 

Јанис беше играч на неделата на Истокот во НБА лигата, а од голем број фактори ќе зависи дали ќе остане. Еден од тие фактори би можел да биде и надворешниот, а тоа е интересот на Голден Стејт Вориорс. 

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Како што пренесе „ЕСПН“, Голден Стејт внимателно ја следи ситуацијата и покрај финансиските тешкотии, сакаат уште една суперѕвезда во тимот. 

Стеф Кари веќе е во тимот и заработува неверојатни 56 милиони долари годишно, додека Адетокумпо е на 49 милиони долари и две вакви суперѕвезди би барале и откажување од некои играчи со висок квалитет.

Оваа сезона Јанис има 31.5 поени по натпревар, како и 12 скока и 6 асистенции. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ понекогаш е како од друга планета: Погледнете го потегот со кој ги остави коментаторите без зборови (Видео)

“Никола Јокиќ понекогаш делува како од друга димензија”, стоеше како опис на в…