Дома Актуелно Јамал доживеал непријатност по мечот со Дортмунд – сакал да оди во тоалет, но не му дозволиле!

Јамал доживеал непријатност по мечот со Дортмунд – сакал да оди во тоалет, но не му дозволиле!

Синоќа во Лигата на шампионите се сретнаа екипите на Борусија Дортмунд и Барселона, а една непријатност по натпреварот доживеа Ламинe Јамал.

Во еден од дерби натпреварите од шестото коло на групната фаза во Лигата на шампионите, синоќа Барселона победи кај Борусија Дортмунд со 3:2.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По првото полувреме во кое немаше голови, Рафиња му донесе водство на Барселона во 53. минута, но само седум минути подоцна Гираси израмни од пенал и ги врати работите на почеток.

Торес во 75. минута повторно донесе водство за Барселона, но Гираси по три минути повторно ги врати „милионерите“ во игра.

Потоа Торес постигна втор гол, а асистент му беше Ламине Јамал.

Младиот Јамал, всушност, доживеал мала непријатност по натпреварот во Дортмунд кога тргна кон тоалетот.

УЕФА го прогласи Ламине Јамал за играч на натпреварот, а шпанскиот фудбалер посака веднаш по завршувањето на натпреварот да оди во тоалет.

Сепак, во тоа беше спречен од инспектори поради антидопинг тест. Службениците се спротивставиле на неговото барање да оди во тоалет додека не го изврши тестот.

„Морав да одам во тоалет по завршувањето на натпреварот, но не ме пуштија бидејќи морав на антидопинг тест“, рече Ламине Јамал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и з…