Дома Фудбал Англија Јунајтед ќе треба да му плати БОГАТСТВО на Жозе Мурињо

Јунајтед ќе треба да му плати БОГАТСТВО на Жозе Мурињо

Манчестер Јунајтед ќе треба да му плати голема сума на Жозе Мурињо како отштета за отказот, пренесуваат англиските медиуми.

Долго време се шпекулираше дека тоа е главната причина што Мурињо не добива отказ од „Олд Трафорд“, но денес „црвените ѓаволи“ сепак одлучија да ја прекинат соработката.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мурињо пред само 11 месеци потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед и во него има неколку клаузули кои го штитат Португалецот во случај на отказ. Имено, Јунајтед треба да плати 18 милиони фунти доколку му врачи отказ на „Специјалнот“.

Меѓутоа, во договорот има клаузула дека „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат додатни 4.5 милиони фунти доколку Мурињо добие отказ пред тимот да биде елиминиран од Лигата на шампиони.

Тоа значи дека Манчестер Јунајтед ќе треба да му исплати на Мурињо вкупно 22.5 милиони фунти како отштета поради отказот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …