Дома Трансфер зона Јунајтед ја најде замената за Лукаку – пристигнува ѕвездата на Севиља

Јунајтед ја најде замената за Лукаку – пристигнува ѕвездата на Севиља

Ромелу Лукаку ова лето готово сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед, а последните информации од Островот говорат дека „црвените ѓаволи“ веќе нашле замена за Белгиецот.

Оле Гунар Солскјер дал зелено светло за продажба на Лукаку, а клубот за неговата слобода бара 75 милини фунти.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Наводно „црвените ѓаволи“ веќе нашле замена за Белгиецот. Како што пишува „Франс Фудбал“ напаѓачот на Севиља Висам Бен Једер е блиску до трансфер на „Олд Трафорд“.

Францускиот напаѓач има откупна клаузула од 36 милиони фунти и истата би била активирана веднаш штом Лукаку го напушти клубот.

Бен Једер имаше фантастична сезона во Севиља, постигна вкупно 30 погодоци и запиша 11 асистенции на 54 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…