Дома Трансфер зона Јунајтед спреми 50 милиони за ѕвездата на Дортмунд, но дали ќе бидат доволни?

Јунајтед спреми 50 милиони за ѕвездата на Дортмунд, но дали ќе бидат доволни?

Кристиан Пулишиќ е на радарот на многу европски гигнати, а се чини дека сега и Борусија Дортмунд е спремна за преговори и да ги слушне понудите кои ќе пристигнат за играчот.

20-годишниот Американец на лето влегува во последната година од договорот, па „милионерите“ знаат дека во следните два преодни рока ќе мораат да го продадат и поради тоа се спремни да започнат преговори.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интерес за Пулишиќ покажуваат Баерн Минхен, Челзи, Тотенхем, Ливерпул, Реал Мадрид, но најконкретен е интересот на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ веќе спремиле првична понуда од 50 милиони фунти, но тоа сигурно нема да ги задоволи апетитите на Борусија Дортмунд која бара најмалку 70 милиони за неговата слобода.

Директорот на Јунајтед, Ед Вудворд смета дека од овој трансфер клубот ќе има и комерцијална придобивка на американскиот пазар бидејќи Пулишиќ е голема ѕвезда во САД.

Сепак, фудбалерот на маса има понуди од бројни клубови, па наскоро ќе треба да ја донесе конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…