Манчестер Јунајтед сигурно ќе се ослободи од Кристиано Роналдо во јануари и веќе почна да бара големо засилување во нападот.
Приоритет наТен Хаг ќе биде доведување на врвен напаѓач, а на врвот на листата желби е ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со агентот на напаѓачот, кој е отворен за преселба во Премиер лигата.
Тен Хаг верува дека Нигериецот идеално ќе се вклопи во тимот, бидејќи веќе ја покажа својата класа во Серија А.
Наполи нема лесно да се откаже од него, но Јунајтед е спремен да испрати понуда од 100 милиони евра, која наполитанците тешко ќе ја одбијат.