Оле Гунар Солскјер не се откажува од својот план. По Даниел Џејмс и Ван Бисака, продолжува да бара млади играчи и сака да донесе уште три засилувања до крајот на преодниот рок.
Следна трансфер цел на „црвените ѓаволи“ е играчот за врска на Њукасл, Шон Лонгстаф чиј трансфер ќе „тежи“ 30 милиони евра и Солскјер настокува играчот да пристигне што побрзо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прва мета во одбраната останува Хари Мегваер, но Лестер ја одби понудата од 80 милиони евра, па тешко е да се поверува дека „црвените ѓаволи“ ќе понудат повеќе. Алтернатива е Иса Диоп од Вест Хем, кој имаше одлична сезона.
Солскјер планира да донесе едно засилување во средниот ред, прва мета е Бруно Фернандеш, фантастичниот играч за врска од Спортинг Лисабон. Меѓутоа, доколку си замине Погба, тогаш треба да пристигне и Јури Тиелеманс.
Јунајтед сака што е можно побрзо да го заврши преодниот рок со цел Норвежанецот да го има целиот тим на располагање до крајот на месецот.