Дома Фудбал Англија Јунајтед со срамен пораз ја отвори сезоната🎥

Јунајтед со срамен пораз ја отвори сезоната🎥

Манчестер Јунајтед новата сезона ја започна со изненадувачки пораз на домашен терен од Брајтон (1:2).

Најголем проблем на „црвените ѓаволи“ уште во првиот меч се покажа дека ќе биде одбраната. Креативноста во нападот беше добра, напаѓачите создаваа шанси, но не успеваа да ги реализираат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, одбраната често дозволуваше на противничките фудбалери да создаваат шанси, а во 30-та минута Паскал Гроз погоди за 0:1. До крајот на полувремето истиот играч зголеми на 0:2.

Во вториот дел Јунајтед стави се на една карта, Тен Хаг во игра го стави и Кристиано Роналдо, но домаќините не успеаа да стигнат ниту до бод.

Најдобрата шанса ја имаше Рашфорд во 60-та минута, а неколку минути подоцна Брајтон си постигна автогол за конечни 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандалозни сцени во Лондон! Џака се караше со навивачите, му повторуваше само четири зборови

Вест Хем после очајните резултати конечно успеа да ги усреќи своите навивачи и денеска дој…