УЕФА би можела да го казни Манчестер Јунајтед, бидејќи три навивачи влегоа на теренот во текот на натпреварот со Јувентус на Олд Трафорд.
Јунајтед го загуби натпреварот со 0:1, а недолго после почетокот на натпреварот влета навивач на теренот, но радарите го совладаа. По завршувањето на натпреварот два навивачи влегоа на теренот, а еден од нив се обиде да стигне до поранешниот играч на Јунајтед, Роналдо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Полицијата за британските медиуми потврди дека еден од нив е задржан во притвор поради влегувањето на теренот.
УЕФА го чека извештајот од синоќешниот натпревар, но и извештајот за проблемите со сообраќајот и доаѓањето на играчите на Олд Трафорд.
Јунајтед минатата недела беше казнет со 15.000 евра бидејќи играчите закаснаа на натпреварот против Валенсија, поради големите гужви во сообраќајот во Манчестер.
Тие проблеми продолжиле и синоќа, бидејќи играчите на Јувентус птистигнале на стадионот 65 минути пред натпреварот, а Јунајтед 50 минути пред.