Раководните луѓе на Манчестер Јунајтед веќе ги направиле првите контакти со Маурисио Покетино, тврдат медиумите на Островот.
Покетино беше прв извор на Манчестер Јунајтед за наследник на Жозе Мурињо, но тогаш Аргентинецот беше под договор со Тотенхем и „црвените ѓаволи“ го ангажираа Солскјер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвежанецот има договор до 2022 година, но после слабиот старт на сезоната Јунајтед сериозно размислува за тренерска смена.
„Мирор“ тврди дека во договорот на Солскјер има клаузула според која клубот ќе треба да му плати компензација од 4 милиони фунти во случај на отказ, а Јунајтед е спремен да ја плати таа сума.
После шокантниот пораз од Тотенхем, раководството на Јунајтед веќе му подготвува отказ на Солскјер, а во моментов водат интензивни преговори со Покетино.
Покетино има големо искуство во Премиер лигата каде работеше во Саутемптон, а потоа и во Тотенхем каде се етаблираше во врвен тренер.