Бразилското крило Антони повеќе не е посакуван играч во тимот на Манчестер Јунајтед, пишува порталот Goal.
Со заминувањето на холандскиот тренер Ерик тен Хаг и доаѓањето на Португалецот Рубен Аморим, Антони стана технолошки вишок. Тен Хаг и тој беа заедно во Ајакс, каде Бразилецот одигра брилијантно и беше еден од клучните луѓе во тимот на Тен Хаг.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога Холанѓанецот дојде во Јунајтед, го зеде Антони со себе и го убеди раководството да плати огромни 95 милиони евра за него. Тој не ги оправда очекувањата. Неговата цена падна на Трансфермаркт и сега вреди 20 милиони евра.
Тој постигна само еден гол оваа сезона, во релативно неважниот Куп на ЕФЛ, и се појави на само пет натпревари, главно двлегувајќи од клупата за резерви.
Од управата на клубот му порачаа дека може да го напушти клубот на зима. Неговиот договор е до 2027 година и јасно е дека Јунајтед нема намера да продолжи да го плаќа.