Дома Трансфер зона Јунајтед му плаќа бонус на Погба за да остане на „Олд Трафорд“

Јунајтед му плаќа бонус на Погба за да остане на „Олд Трафорд“

Иднината на Пол Погба се уште е главна тема во спортските медиуми на Островот.

Французинот е трансфер мета на Барселона и сака да си замине од „Олд Трафорд“, а некои медиуми тврдат дека веќе има договор со Каталонците.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ не сакаат да го пуштат еден од најважните свои фудбалери, па ги одбија сите понуди.

Погба по мечот со Лестер изјави дека атмосферата во екипата не е баш најдобра, но дека не сака да зборува за тоа бидејќи клубот ќе го казни. Тоа само дополнително ги зголеми шпекулациите околу неговото заминување иако од „Олд Трафорд“ тврдат дека Погба сигурно останува.

Англиските медиуми пренесуваат дека во Манчестер Јунајтед пронашле начин како да го задржат Погба во своите редови и дека ќе го наградат за „лојалност“.

Наводно, доколку тој остане во Јунајтед и оваа сезона, ќе добие бонус од 3,4 милиони фунти следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…