Манчестер Јунајтед и Челзи веќе ја започнаа битката за потписот на 19-годишниот Муса Дембеле, кој оваа сезона брилјира во дресот на Селтик.
Тинејџерот оваа сезона веќе постигна 15 голови за Селтик вклучително и двата против Манчестер Сити во ЛШ, кога го привлече на себе вниманието на големите клубови.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Скаутите на Манчестер Јунајтед и Челзи веќе подолго време ги следат неговите настапи, а покрај нив инетрес за Дембеле покажуваат и Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Зинедин Зидан имаше само пофални зборови за својот сонародник, па дури го спореди со големи шампиони како Раул, Анри и Бразилецот Роналдо.
„Имав прилика да играм со големи асови во нападот како Раул, Роналдо и Анри, а Дембеле покажува дека има потенцијал да биде како нив“, изјави Зидан.
Се очекува Дембеле да биде ѕвезда на преодниот рок и многу европски гиганти да се борат за неговиот потпис, а неговата цена во моментов изнесува околу 40 милиони евра.