Раководството на Манчестер Јунајтед донело одлука да го стави Хари Мегваер на трансфер листа во зимскиот преоден рок.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да се разделат со Мегваер за само 10 милиони фунти. Ова е осумпати помалку од сумата што Манчестер Јунајтед ја плати за дефанзивецот на Лестер во 2019 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мегваер беше пред заминување од „Олд Трафорд“ и претходно, но Јунајтед не беше задоволен од добиените понуди, но сега клубот е решен да се ослободи за симболична сума.
Во моментов Мегваер е повреден и нема да настапува за Јунајтед барем еден месец, а Тен Хаг му кажал дека повеќе нема да смета на него.