Дома Фудбал Англија Јунајтед го најде новиот „Сер“ – спреми долгорочен договор со Мурињо

Јунајтед го најде новиот „Сер“ – спреми долгорочен договор со Мурињо

Манчестер Јунајтед е спремен да му понуди нов 5-годишен договор на Жозе Мурињо, пренесуваат англиските медиуми.

Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ е исклучително задоволно од работата на Португалецот и од прогресот кој клубот го има од неговото доаѓање на клупата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Поради тоа сакаат да му предложат нов договор и кое ќе го задржи Мурињо долгорочно на „Олд Трафорд“. Доколку биде потпишан споменатиот договор ќе му гарантира на Мурињо најдолг престој во еден клуб.

„Специјалниот“ потпиша 3-годишен договор во јуни 2016 година и уште во правта сезона освои три трофеи – Комјунити шилд, Луга Купот и Лига Европа.

Мурињо заедно со Гвардиола е најплатен менаџер во светот со неделна плата од 250.000 фунти, а „црвените ѓаволи“ со новиот договор му предлагаат платата да остане иста, но да има вклучени многу богати понуди во него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан се пофали со важен потпис

Белгискиот фудбалер Алексис Салемакерс потпиша нов договор со Милан до 30 јуни 2031 година…