Дома Трансфер зона Јунајтед го краде Роналдо пред носот на Сити

Јунајтед го краде Роналдо пред носот на Сити

Кристиано Роналдо сигурно ќе го напушти Јувентус до крајот на преодниот рок и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер.

Манчестер Сити важеше како фаворит за неговиот потпис, но во последен момент Манчестер Јунајтед се вклучи во трката Кристиано Роналдо.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ започнале преговори со неговиот менаџер Жорге Мендеш и се спремни да ја платат сумата од 30 милиони евра која што ја бара Јувентус.

Роналдо во овој момент преферира преселба на „Олд Трафорд“ бидејќи е легенда на Јунајтед и сака да се врати во клубот.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Солскјер потврди дека клубот работи на трансферот на Роналдо.

„Ние го сакаме, имаме одличен однос со Кристиано. Бруно Фернандеш разговара со него, па ќе видиме што ќе се случи“, изјаво Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…