Актуелниот тим на Манчестер Јунајтед сигурно не е најдобриот, но официјално е најскап во историјата на фудбалот, соопшти фудбалската опсерваторија CIES.
Тоа покажува рангирањето на сајтот CIES Football Observatory, според кој англискиот гигант потрошил најмногу средства за формирање на сегашниот состав и така го урнал светскиот рекорд на Реал Мадрид од минатата сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За составот во овој момент Манчестер Јунајтед потрошил 718 милиони евра, а само ова лето се потрошени 185 милиони евра.
Втор на листата останува Реал, кој држеше рекордот со 587 милиони евра за сезона 2015/16, но оваа сезона составот на „кралевите“ чини 634 милиони евра. Третото место е за Манчестер Сити со 611 милиони еври.
Во топ 10 најскапи тимови на светот се уште Барселона (485 милиони евра), Челзи (481 милиони евра), ПСЖ (455 милиони евра), Јувентус (395 милиони евра), Арсенал (381 милиони евра), Баерн (357 милиони евра) и Ливерпул (356 милиони евра).