Дома Трансфер зона Јунајтед го губи трпението со Санчо, го бара Бејл на позајмица

Јунајтед го губи трпението со Санчо, го бара Бејл на позајмица

Доколку не успеат во намерата да ги осигураат услугите на Џејдон Санчо, раководните лица на Манчестер Јунајтед ќе се насочат кон Герет Бејл, пренесува „Скај Спорт“.

„Црвените ѓаволи“ никако не можат да го обезбедат потписот на Џејдон Санчо кој е нивна трансфер цел број еден ова лето, а како се доближува крајот на преодниот рок тие го губат трпението и се насочуваат кон други цели.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Една од алтернативите е Герет Бејл кој има „замрзнат“ статус во Реал Мадрид, клуб кој по секоја цена сака да се ослободи од него.

Минатата недела имаше шпекулации дека „кралевите“ дури би прифатиле да платат половина од неговата плата ако замине на позајмица, па Јунајтед сака да го искористи тоа.

Имено, клубот од „Олд Трафорд“ ќе се обиде да го донесе Бејл на двегодишна позајмица, односно до истекот на неговиот договор со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…