Дома Трансфер зона Јувентус ќе го менува Игуаин со напаѓач од 100 милиони евра – три имиња се мета!

Јувентус ќе го менува Игуаин со напаѓач од 100 милиони евра – три имиња се мета!

Едно од приоритетните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок веројатно ќе биде класичен напаѓач.

Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус има три напаѓачи на мета и на Гонзало Игуаин не му се даваат многу шанси да остане. Игуаин има 33 години и сезонава не е на потребното ниво.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најголема желба на „старата дама“ е Мауро Икарди. Икарди игра одлично на позајмицата во ПСЖ, меѓутоа поради начинот на кој замина враќање во Интер не е опција. Во договорот на Икарди има фиксна откупна клазула од 65 милиони евра, засега не е познато дали Французите ќе ја искористат опцијата да го откупат. Сепак, оваа клазула важи само ПСЖ.

Габриел Хесус е уште едно име кое на радарот на Италинецот. Бразилецот стана интересен за повеќе тимови откако УЕФА го исфрли Манчестер Сити од Европа на две сезони.

Трет на листата е Тимо Вернер од Лајпциг. Вернер веќе неколку сезони наназад е на мета на големите клубови, најмногу со неговото име се поврзуваа Реал Мадрид и Ливерпул.

Јасно дека за секој од овие тројца Јувентус ќе треба да плати голема сума, многу веројатно и 100 милиони евра. Клазулата на Икарди од 65 милиони евра не важи за другите клубови, па ако дојде до сериозни преговори Интер сигурно ќе сака да извлече што поголема сума од ривалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…