Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус се договорил со ѕвездата на Локомотив Москва, Алексеј Миранчук.
„Спортмедиасет“ пренесува дека „бјанконерите“ имаат комплетен договор со рускиот играч за врска, кој треба да се пресели во Торино следното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Миранчук го привлече вниманието на Јувентус за време на натпреварите од Лигата на шампиони, кога постигна гол во двата меча против италијанскиот шампион.
Во исто време медиумите во Русија потврдуваат дека се започнати преговори помеѓу двата клуба, а посредник бил агентот Габриеле Џуфрида.
24-годишниот Миранчук игра позади напаѓачите, но може да игра и на крилните позиции. Неговиот договор со Локомотив истекува во 2021 година, а веќе има запишано и 25 меча за Зборнаја.