Италијанскиот шампион Јувентус во следните денови ќе им понуди нови договори на двајцата одбранбени фудбалери, Џорџо Киелини и Андреа Барзаљи, пренесуваат италијанските медиуми.
Се очекува многу брзо двајцата искусни дефанзивци да ја продолжат соработката со „бјанконерите“, бидејќи нивните договори истекуваат на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека на Киелини ќе му биде понуден едногодишен договор со опција на уште една сезона, додека Барзаљи ќе добие договор до јуни 2019 година.
„Наскоро ќе потпишам нов договор. Нема никакви проблеми околу преговорите и набрзо ќе биде потпишан договорот“, изјави Киелини.
Киелини е во Јувентус од 2005 година и прерасна во вистинска легенда, додека Барзаљи пристигна во Торино во 2011 година.