Италијанскиот шампион Јувентус е силно заинтересиран за играчот за врска на Лион, Танги Ндомбеле, пренесуваат италијанските медиуми.
21-годишниот Ндомбеле веќе го доби епитетот на „новиот Канте“, а скаутите на Јувентус подолго време ги следат неговите настапи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ндомбеле оваа сезона игра фантастично во дресот на Лион, веќе запиша 4 настапи за француската репрезентација и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Поради тоа Јувентус ќе треба да се избори со жестоката конкуренција, бидејќи за потписот на играчотс силен интерес покажуваат уште Барселона, Тотенхем и Манчестер Сити.
Неговата цена во моментов изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра, сума која сите споменати клубови се спремни да ја платат.
#Juventus, Ndombele: il francese piace, ma Paratici non farà aste https://t.co/0ZHpdonStr
— Calcio News 24 (@CalcioNews24) November 26, 2018