Јувентус оваа сезона игра фантастично, а еден од најдобрите поединци секако е хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.
Меѓутоа, Манџукиќ наскоро ќе полни 33 години, па „бјанконерите“ веќе се во потрага по замена за Хрватот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Алегри сака по секоја цена да има во тимот еден робусен напаѓач, кој ќе може да игра заедно со Дибала и Роналдо.
Италијанските медиуми пренесуваат дека главна цел е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку.
Наводно „бјанконерите“ веќе почнале да работат на трансферот на 25-годишниот Белгиец и сакаат да го донесат во Торино следното лето.
Сумата која „старата дама“ планира да ја издвои изнесува 75 милиони фунти што најверојатно ќе биде доволно да се убеди Јунајтед, кој не е задоволен од учинокот на напаѓачот оваа сезона.
Juventus are interested in signing Manchester United's 25-year-old Belgium forward Romelu Lukaku. (Source: Calciomercato) pic.twitter.com/G6BzMZoRpf
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 24, 2018