Дома Топ вести Јувентус тргнува по новата ѕвезда на Серија А

Јувентус тргнува по новата ѕвезда на Серија А

Напаѓачот на Џенова, Кшиштоф Пијатек ова лето пристигна во Серија А и уште во првите пет меча ги воодушеви сите на Апенините.

Полскиот репрезентативец сруши рекорд на Шевченко стар 19 години и постигна 6 гола во првите пет меча во Серија А. Уште во претсезоната се виде дека Џенова довела фантастичен напаѓач кога постигна 12 гола на шест меча.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Пијатек го привлече вниманието на сите големи клубови во Италија, но најконкретен во овој момент е Јувентус. „Старата дама“ сака да ја победи конкуренцијата од Интер и Милан и веќе стапиле во контакт со Џенова.

Двата клуба се во одлични односи, па „бјанконерите“ сакаат да се договорат да имаат предност при купувањето кога Џенова ќе се одлучи на продажба.

Пијатек ова лето пристигна од Краковија за само 4 милиони евра, но неговата цена неколкукратно се зголеми и сега чини повеќе од 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадување: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?!

Eпизодата на клупата на Фенербахче за Жозе Мурињо би можела кратко да трае бидејќи како шт…