Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Јувентус следното лето ќе биде Марко Верати од Пари Сент Жермен.
„Старата дама“ е решена да го врати Италијанецот во Серија А и за таа цел спрема понуда од 80 милиони евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Бјанконерите“ минатото лето направија инвестиција од 90 милиони евра за Гонзало Игуаин, а сега спремиле исто толкава сума за големо засилување во средниот ред.
Агентот на Верати навести заминување од ПСЖ, но проблем за „бјанконерите“ е тоа што се во лоши односи со парискиот клуб.
Притоа, Јувентус ќе треба да ја победи и конкуренцијата која е жестока, бидејќи за Верати интерес покажуваат уште Интер, Баерн Минхен, Челзи и Реал Мадрид.