Марио Манџукиќ и оваа сезона е незаменлив дел од тимот на Алегри, па челниците на Јувентус му пондија нов договор.
Иако се шпекулираше дека Роналдо ќе го загрози неговото место во тимот, сепак Манџукиќ покажа дека е незаменлив, па сега е се поблиску до продолжување на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ веќе започнале преговори со агентите на Хрватот за нов договор, според кој Манџукиќ би останал во Торино до 2021 година, а ќе добие и зголемување на платата.
Со тоа италијанскиот шампион сака да стави крај на шпекулациите, но и да го „олади“ интересот кон напаѓачот на другите европски гиганти.
Манџукиќ до сега има одиграно 139 натпревари за „старата дама“ и веќе се претвори во еден од идолите на навивачите.