Дома Топ вести Јувентус спрема јануарска „бомба“

Јувентус спрема јануарска „бомба“

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Јувентус почнал да работи на трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и сака да го донесе во јануари.

Јувентус лошо ја отвори сезоната, веќе заостанува 10 бода од врвот и сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Примарна цел е Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Јувентус нема да жали пари за да го донесе во Торино.

СМС блеска и оваа сезона, а на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лацио е под притисок, но сигирно нема лесно да го продаде на средина од сезоната.

Јувентус е спремен да понуди 70 милиони евра и се верува дека самиот фудбалер ќе инсистира Лацио да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…