„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус почнал да работи на трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и сака да го донесе во јануари.
Јувентус лошо ја отвори сезоната, веќе заостанува 10 бода од врвот и сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Примарна цел е Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Јувентус нема да жали пари за да го донесе во Торино.
СМС блеска и оваа сезона, а на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лацио е под притисок, но сигирно нема лесно да го продаде на средина од сезоната.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус е спремен да понуди 70 милиони евра и се верува дека Лацио нема да може да ја одбие таа понуда.