Јувентус покажува сериозен интерес за ѕвездата на Манчестер Сити, Габриел Жесус, пренесува „Газета дело Спорт“.
Бразилецот е примарна трансфер цел на „бјанконерите“ без разлика дали Роналдо ќе остане во Торино или ќе замине.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во моментов Габриел Жесус е со националниот тим на Копа Америка, а Јувентус ќе ги започне преговорите веднаш по завршувањето на турнирот.
Жесус го загуби местото во првиот тим, па Сити нема да му прави проблем доколку сака да замине бидејќи сака да го донесе Хари Кејн.
Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и спрема понуда за 24-годишниот Бразилец кој дал согласност за трансфер во Серија А.