Дома Фудбал Италија Јувентус се мачеше, Роналдо го „скрши бункерот“ на Фросиноне, точка стави Бернардески (ВИДЕО)

Јувентус се мачеше, Роналдо го „скрши бункерот“ на Фросиноне, точка стави Бернардески (ВИДЕО)

Португалецот полека влегува во форма.

Во рамките од петото коло во италијанското првенство екипата на Јувентус со 0:2 славеше на гостински терен против Фросиноне.

Избраниците на Масимилијано Алегри промашија голем број прилики. Во текот на првите 45 минути не видовме погодок.

Во вториот дел Јувентус нападна уште повеќе, но „бункерот“ на Фросиноне не попушташе.

Така беше се до финишот од натпреварот, кога Кристиано Роналдо во 81 минута одлично се снајде во шеснаесетникот и го матираше голманот Спортиело.

До крајот на средбата „старата дама“ рутински ја приведуваше работата кон крајот, а во последните моменти после една контра успеаа да стигнат и до втор погодок.

Конечните 0:2 ги постави Бернардески во 94-тата минута.

Јувентус после пет кола е лидер со 15 освоени бодови и тие се единствената екипа која се уште има максимален ефект во Серија А, Наполи е второпласиран со три бода помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус го раскина договорот со едно од своите најголеми промашувања во историјата

Италијанскиот спортски гигант Јувентус денес потврди дека договорот со бразилскиот фудбале…